3 прашања кои треба да му ги поставувате на партнерот секој ден за да имате среќен брак

Дали ви е познат овој разговор:
Како беше на работа?
– Добро
Како беше кај тебе?
– Исто.
Што ќе јадеме денес?
– Не знам.
Можеш да земеш леб на враќање?
– ОК.
Иако разменуваме многу информации секој ден, тоа не е доволно за да градиме и одржуваме среќна врска. Среќните луѓе се чувствуваат сакано и поддржано од својот партнер. Затоа, тие секој ден си ги поставуваат овие прашања: 
1. Како се чувствуваш?
Ова прашање е добар поттикнувач на длабока дискусија. Ви дозволува да разговарате за пропуштените прилики на работа, за својот шеф, некои фрустрации со колегите и слично. Исто така, со ова прашање му покажувате на партнерот дека сте заинтересирани за неговиот живот и дека сакате меѓусебно да ги споделувате добрите, но и лошите работи што ви се случуваат во текот на секој ден.
2. Како можам да ти помогнам?
Некогаш на партнерот му треба само некој да го сослуша за неговите проблеми. Друг пат ќе ви побара мислење, совет или утеха. Со ова прашање му давате до знаење дека сте спремни да го поддржите, но и му давате прилика да го побара од вас она што му е потребно во моментот.
3. Кога сакаш да поразговараме?
Работа, семејство, дом… Животот е преполн со секојдневни ситници што нѐ спречуваат во целост да се посветиме на својот партнер. Но, кога ќе му го поставите ова прашање, му давате до знаење дека имате желба да одвоите време за него. Со ова прашање истовремено му кажувате дека ви се важни неговите размислувања и чувства и дека би сакале да се посветите на нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.