Сите имаат свои начини за мерење на успехот во животот и тие честопати се менуваат во текот на животот. За еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, тоа е проценката на неговиот личен и деловен живот на крајот на годината. Исто така, Гејтс забележал дека неговата проценка денес е многу поразлична отколку во дваесеттите години. Тогаш, на крајот на годината, си поставувал само едно прашање: „Дали Мајкрософт ги остварил соништата на корисникот?“ Се разбира, Гејтс уште го оценува квалитетот на својата работа, но тој сега си поставува и други прашања во врска со неговиот живот.
3 прашања што Бил Гејтс си ги поставува секоја година, а би можеле и вие
1. „Дали му посветив доволно време на моето семејство?“
Со пари може да купите многу работи, но не можете да купите уште неколку минути во текот на денот. Дури и во деновите кога има најмногу работа, Гејтс поминува време со семејството. Тој има ритуал да гледа серии со сопругата Мелинда, па дури и кога се во различни градови, двајцата ја гледаат истата епизода и разговараат за тоа подоцна.
2. „Дали научив доволно нови работи?“
Гејтс отсекогаш имал голема желба да учи нови работи. Во интервју за „Њујорк тајмс“, тој откри дека чита 50 книги годишно. Покрај тоа, сака да посетува нови места, да запознава научници и да гледа научни програми на Интернет.
3. „Дали успеав да развијам ново пријателство и да го зајакнам старото?“
„За мене, најважно е да бидам таков пријател со другите каков што би сакал да бидам со самиот себеси“, смета Гејтс, додавајќи дека нашите пријателски врски и тоа колку сме среќни во нив, имаат силно влијание врз нашето здравје.