Машкиот шарм многу тешко може да се опише со зборови, но многупати овој скриен сексапил е составен од мали нешта што го прават мажот посебен и едноставно неодолив. Еве кои се деталите кои го сочинуваат таквиот „имиџ“.
3-те „маани“ што жените ги сакаат кај мажите
Очила
Иако како девојчиња ги избегнувавме момчињата кои личеа на „бубалици“, денес очилата се еден совршен моден детаљ кој ги привлекува жените. Внимателно избраните диоптриски очила оставаат впечаток на искуство, зрелост и интелигенција – особини на кои ретко одолева која било жена.
Тридневна брада
„Младата“ брада од само 3 дена е вистинската мамка за припадничките на поубавиот пол. Не станува збор само за брадата како таква, туку за бунтовничкиот и лежерен изглед на мажот, кој со соодветна облека и фраерски став, едноставно плени со својот сексапил.
Седа коса
Многу од жените ја доживуваат седата коса како многу секси детаљ. Ричард Гир е предводник на овој изглед кој сè уште мами воздишките кај жените.
Иако сè повеќе мажи денес прибегнуваат кон боење на косата за да ги прикријат првите знаци на стареење, жените повеќе сакаат да изберат уредно потстрижен маж со сива коса, отколку вештачки изглед без знаци на стареење.