3 типа на љубовни врски: Откријте каква е вашата

Секоја емотивна врска носи ново искуство, и колку сме подготвени да градиме врска како партнери, ја одредува нејзината иднина

3 типа на љубовни врски: Откријте каква е вашата

Сите романтични врски минуваат низ различни фази до целта поставена од партнерите. Во зависност од карактерот и искуството на двојката, сите врски носат одредена лекција што треба да ја научиме.

Сепак, постојат 3 типа на емоционални врски и на секој од нив влијае колку се сакаме себеси и другите.

  1. Традиционални врски
    Ова е најпознатиот вид на врска. Тоа е една од најчестите семејни динамики на традиционалните бракови и врски.

Партнерите во оваа врска повеќе се фокусираат на заеднички интереси отколку на личен раст и развој. Во многу традиционални врски, ниту еден партнер не се обидува да работи на себе и да се прифати себе си со цел да се поврзе подлабоко со другата личност во врската.

Во ваква врска, паровите се поврзани како личности, но не толку емоционално или духовно. Со оглед на тоа, фокусот на партнерот секогаш останува на него, а не на другиот.

Повеќето луѓе во овие врски се претежно ориентирани кон задоволување лични потреби, што спречува создавање на „ние врски. Како резултат, овој тип на односи често стагнира и се заснова на борби за моќ.

За да останат заедно, партнерите во традиционалните врски избегнуваат решавање клучни проблеми, преправајќи се дека не постојат.

Многу парови се чувствуваат безбедно во традиционална врска. Тоа е сè што тие сакаат и тоа обично е моделот на врската со која пораснале. Многу е веројатно дека тие ќе останат на исто ниво до крајот на животот и дека нема да напредуваат ниту како поединци ниту како двојка.

Таквите врски обично завршуваат кога еден од партнерите започнува да работи на себе и тргнува на ментално или емоционално патување. Тој индивидуален раст е онеспособен од динамиката на односот во кој се наоѓа, па тој ја напушта врската.

  1. Свесни врски
    Кога ќе се најдат две сродни души, тогаш зборуваме за свесна врска. Сродни души се оние кои се поврзуваат на духовно ниво. Иако многумина ја бараат својата сродна душа, тоа е можно само кога двајцата партнери поминале низ емотивен и духовен раст пред да се сретнат.

Во свесните врски, фокусот е насочен кон емоционалниот и духовниот раст и на поединецот и на двојката. Луѓето во ваква врска всушност учат постојано, а нивната цел е да го надминат физичкото и емоционалното ниво на врската за да го достигнат духовното.

Паровите во оваа врска активно учествуваат во решавање на проблемите, имаат доверба едни во други и можат да се потпрат едни на други, а тоа е предуслов за формирање на врска во која постои заедница, т.е. „ние“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 👇👇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.