Секој порано или подоцна има проблеми со либидото, а повеќето од нив веднaш посегнуваат по таблети. Пред да посегнете по таблети и без да очајувате, обидете се да го решите проблемот природно.Зголемете ја вашата сексуална желба со користење на некои од овие лековити растенија.
Мака (Lepidium meyenii)
По потекло од Перу во Јужна Америка со векови се користи како афродизијак и кај жените и мажите. Мака ги намалува ефектите на стресот и ја зголемува издржливоста. Според една студија од 2010 година, мака делува многу позитивно на жените во менопауза кои имаат слабо либидо, делотворен е и кај мажите со еректилна дисфункција.
Дамиана (turnera aphrodisiaca)
Оваа билка традиционално се користела во цивилизацијата на Маите, како афродизијак. Таа содржи состојки кои се поврзуваат со специјални рецептори, имитирајќи го половиот хормон кај жените. Според едно истражување, 72% од жените кои консумираат еден месец дамиана успеале да го зголемат либидото, без никакви хемикалии.
Жен-шен (Panax ginseng)
Жен-шен е хранлива билка ефикасна против несоница, анемија, артритис, и импотенција. Овој чај е многу корисен за мажите, но не се препорачува за луѓе со висок крвен притисок, срцеви пациенти.Зголемете ја вашата сексуална желба со користење на некои од овие лековити растенија.
Мака (Lepidium meyenii)