Денот на вештерките или уште познат како Халовин е одличен повод за дружење со пријателите.Тиквите со запалени свеќи, соодветните костуми и шминката која буди ужасни емоции создаваат несекојдневна атмосфера. Кон сето тоа недостасуваат пијалаци кои ќе го надополнат Халовин расположението.
Доколку вие сте организаторот на журката, а притоа не планирате гостите да ги послужите со она што навистина го пијат вампирите, тогаш ви нудиме 3 рецепти за коктели во готски стил!
Коктел „Заводлива тиква“
Не би било фер забавата да помине без главниот симбол – тиквата. Овој рецепт се основа токму на сокот од тиква.
Состојки (за 11 бокали):
Сок од тиква – 0,5лМартини Вермут Бјанко – 0,5лВотка – 100млМелен црн бибер – 2 мали лажички Листови од нане Коцки лед
За украсување:
Црни маслинки отстоени во лимонов сок Зрна црн бибер
Листови од нане
Подготовка:
Листовите нане толчете ги додека не добиете хомогена смеса, додадете го сокот од тиква и промешајте, потоа додадете ги вотката, мартинито и мелениот црн бибер. Сето тоа промешајте го во блендер. Коктелот послужете го во соодветни чаши и украсете го со листови нане, а од маслинките направете страшно око со тоа што во отворот кај извадената семка ќе ставите црно зрно бибер.
Коктел „Крвава Мери“
Состојки ( 4 бокали):Доматен сок – 250млВодка – 10млСос од соја – 1 мала лажичка Мелена чадена пиперка – 1 мала лажичка Црн мелен бибер – половина лажичка Лимонов сок – 2 мали лажички
Подготовка:Во блендер измешајте ги сосот од соја, мелената пиперка, црниот бибер и лимоновиот сок, додадете го доматниот сок и уште еднаш убаво изблендирајте. Распоредете го коктелот по чашите, а дури потоа додадете ја вотката, но внимавајте да не се меша со црвениот раствор кој наликува на крв.
Коктел „Доктор Чума“
Црната боја е симбол на мракот, но затоа пак вкусот на овој коктел ќе ви подари сласт и енергија.
Состојки (4 бокали):
Црна вотка – 200млМартини – 50млЛикер од малина или рибизла – 100млЗа украсување:Шеќер – 2 мали лажичкиЛимонов сок – 2 лажички
Подготовка:
Краевите на бокалите премачкајте ги првин во лимонов сок, а потоа во шеќер и потоа налејте го коктелот од вотка, ликер и мартини, претходно промешан во блендер.Тиквите со запалени свеќи, соодветните костуми и шминката која буди ужасни емоции создаваат несекојдневна атмосфера. Кон сето тоа недостасуваат пиј