Таман кога психички се подготвивме да ја преседиме дома оваа 2020-та и да се збогуваме со патувањата, пандемијата го забави темпото и границите полека почнуваат да се отвораат.
Сепак тоа не значи дека патувањата ќе бидат исти како порано, ниту пак дека летово ќе може да патуваме каде ќе посакаме толку едноставно.
Во меѓувреме веројатно границите ќе ги отворат повеќе земји, но голема е шансата влезот на голем дел од нив да биде ограничен само за патници од Европската Унија за земјите членки.
Секако, за нашите патувања мора да почекаме официјални известувања во врска со границите и условите за патување.
Но, кои ќе бидат помеѓу првите дестинации за одмор во светот кои ќе бидат отворени за туристи летово?
Италија
Европската земја која беше најпогодена од пандемијата, прилично тешко ќе се избори со загубите од туризмот. Поради тоа, министерот Дарио Франческини предложи слободно движење за туристите од регионите на Европската Унија веќе од јули или август.
Кипар
Заменик министерот за туризам на Кипар, државата која корона вирусот ја погоди со релативно мал број на заразени, најави дека границите можеби ќе се отворат уште во јуни.
Идејата е работите да се вратат во нормала, како што било минатата година, веќе кон средината на месец јуни.
Тајланд
Со оглед на тоа што Тајланд практично „живее“ од туризам, министерот за култура на Тајланд предложи мерки кои ќе им се допаднат само на оние со подлабок џеб.
Предност за посета на Тајланд ќе имаат луѓето кои планираат да останат подолго, како и да престојуваат во сместување со 4 или 5 ѕвездички. На овој начин сметаат дека ќе имаат подобра контрола врз туристите.
Отворање на границите летово е можно и во Шпанија и Турција и во други земји, но уште нема официјални информации.