Зборот ајурведа буквално се преведува како „наука за животот“ или „уметност на долговечноста“. Доволно би било да обрнеме внимание на овие 3 рутини за убавина што можеме да ги воведеме во секојдневниот живот.
Имајте на ум дека конзистентноста е клучна доколку сакате да добиете резултати и затоа ајде да започнеме веднаш!
3 дневни рутини за убавина што ќе ги позајмиме од ајурведата
1. Чаша топла вода наутро
Чаша топла вода наутро има благ и смирувачки ефект врз организмот. Се препорачува водата да отстои од претходната ноќ или да се прочисти со филтер. Топлата вода ги исплакнува бубрезите и ги стимулира други органи, а ако додадете лимон, помагате и ја стимулирате работата на цревата. Започнувањето на денот со кафе и чај е погрешно, затоа прво подгответе го вашето тело за сè што следи.
2. Редовно „чистење“ на јазикот
Чистењето на јазикот е древен ајурведски метод кој денес станува сè попопуларен, бидејќи ефикасно се справува со лошиот здив. Покрај тоа што помага при лошиот здив, така се ослободувате од мртвите и непотребни бактерии кои сакаат да останат таму каде што всушност започнува варењето на храната.
3. Жабуркање со масло од сусам
За да ги зајакнете забите, непцата и вилицата, за подобри перформанси на гласните жици и да ги намалите „брчките“, жабуракајте топло масло од сусам секое утро. Држете го во уста неколку минути и исплукајте го. Потоа, нежно масирајте ги непцата со прстите.