Појадокот може да ви помогне во борбата против вишокот килограми на два целосно спротивни начини. Првиот е да го прескокнете, а вториот е да направите вистинска протеинска бомба за појадок.
Веројатно повеќе ви се допаѓа втората опција, па погледнете што би можеле да појадувате:
Јогурт и овес
Јогуртот има големо количество протеини и калории што го прави одличен сојузник во борбата против килограмите.
Омлет со зеленчук
Јајцата се најдобриот извор на квалитетни протеини, со 6 грама протеини во едно јајце. Неколку истражувања покажале дека појадокот со јајца, во споредба со појадок богат со јаглехидрати, помага во намалувањето на дневниот внес на калории, подолго ве држи сити и ја намалува желбата за јаглехидрати.
Направете балансиран утрински оброк со едно цело јајце и две белки, а потоа додајте и зеленчук како печурки, лук, пиперка или рукола.
Свежо сирење и овошје Сирењето е еден од најдобрите извори на леуцин, аминокиселина која помага во градењето и одржувањето на мускулната маса. Уживајте во порција свежо сирење со порција свежи бобинки, ананас или парчиња круша.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.