Како што внесуваме голем број на калории, потребно е покрај тоа да имаме и соодветна физичка активност со која ќе ги потрошиме калориите кои не ни се потребни и нема да дојде до никакво таложење на масти, што значи дека за дебелината не е виновна само брзата храна.
За да докаже дека е можно да се јаде брза храна и повторно да се ослабе, Рај одлучи 30 дена да јаде Мекдоналдс, но да не заостанува со тренинзите и редовно да вежба. Тој 24 часа дневно 30 дена јадел само храна од овој ресторан и наместо да внесува 5.000 калории дневно и да не се занимава со вежбање, тој одлучи калориите да ги согорува такашто 5 пати неделно ќе посетува теретана.
Тој ги јадел сите намирници кои биле на менито, но сепак следел и броел колку калории внесува. После една недела, тој успеа масниот процент во телото да го намали за 2 %, а на крајот на предизвикот процентот на маснотии беше речиси преполовен.
Покрај тоа што успеа да ослабе и да ги исфрли непотребните маснотии од телото, неговиот крвен притисок остана во нормала, додека работата на срцето исто така остана нормална. Како изгледаше неговиот предизвик, погледнете во видеото кое следува.