30-дневен притвор за возачот на Палчо!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел до Србија до Турција, Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 73-годишниот велешенец Панче Жежовски, потврдија од Кривичен суд.

Притворот му е одреден поради можност од бегство.

Борис Писториус кандидат за канцелар на СПД на изборите во Германија
Пратениците на Социјалдемократската партија (СПД) во Бундестагот на внатрешна средба изјавиле дека нивен кандидат за канцелар на специјалните избори во февруари во Германија треба да биде министерот за одбрана Борис Писториус, …
Експлозијата во дворот на Раде Штекли е снимена на безбедносна камера
Порталот 4 News објави видео материјал од моментите на експлодирањето бомба пред домот на Раде Трајковски Штекли. Пред неколку дена во дворот на Штекли беше фрлена бомба за која се претпоставува …

Основното јавно обвинителство Скопје, претходно соопшти дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка за возачот на Палчо.

Како што информираат од ОЈО Скопје, во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на Палевски да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.

„Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, велат од ОЈО Скопје.

Оттаму исто така информираат дека за уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат, известуваат од ОЈО Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.