30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ГЕРИЈАТРИЈА, испратил посредник да ги земе парите од ќерката на пациентот

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор на двајцата осомничени од Специјалната болница за геријатрија во Скопје за примање поткуп за прием на тешко болен пациент.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, донесе решенија со кои се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и основано сомнение дека може да го повторат делото“, соопшти Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Пронајдете не на следниве мрежи: