30 килограми марихуана пронајдени во „Цитроен“ на 63-годишен арачиновец

Околу 30 килограми марихуана спакувани во три јутени вреќи се пронајдени и одземени синоќа во патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски таблички на регионалниот пат Дебар – Маврово.
МВР денес соопшти дека синоќа околу 20:00 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од Скопско Арачиново. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле околу 30 килограми марихуана.
– Ќ.М. е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45). По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка, наведено е во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.