Се прашувате зошто е добро да се занимавате со јова? За вас издвоивме неколку причини зошто таа е добра и здрава за секој од нас.
1. Ослободува од стрес
Со потење, концентрација и правилно дишење ќе ги растеретите своите мисли и ќе се чувствувате релаксирано и позитивно.
2. Го подобрува сонот
Јогата делува смирувачки и опуштено , па така ќе можете да се ослободите од сите проблеми кои ве измачуваат и ќе можете помирно да спиете.
3. Ги опушта стегнатите мускули
Сите вие што по цел ден седите во канцеларија, треба јогата да ви биде неделна рутина.
4. Го враќа фокусот
Пребурниот начин на живот може многу лесно да ви го оттргне фокусот од важните работи, па затоа јогата е еден од најдобрите начини за да се вратите во нормала.
5. Го подобрува сексуалниот живот
Оваа древна вештина комбинира физиологија и филозофија, такашто, слободно може да примените во спалната соба сѐ што сте научиле на јога.
Што ви е потребно за вежбање јога?
– Волја и решителност да направите нешто добро за себе;
– Три пати најмалку по 30 минути, за да се посветите само на јога;
– Не ви се потребни повеќе од два метри квадратни слободен простор за вежбање;
– Соодветна прекривка на која може да сендете;
– Пријатна гардероба;
– Шише со вода.
Следете ги упатствата во видеото за првиот тренинг.