30 сантиметри снег во Ѓуриште, еве каде е најстудено

Најмногу снег утрово е измерен во Ѓуриште каде снежната покривка достигна 31 сантиметар. Следат со 16 см Крива Паланка, 13 Куманово, 12 Маврови Анови, 9 во Пожаране, 8 Штип, 7 Крушево, 5 Лазарополе, 3 во Струмица и Берово, и два сантиметри во Скопје на Зајчев Рид.
Како што соопшти УХМР, најниска температура, пак од минус седум степени Целзиусови е измерена во Маврови Анови, потоа во Лазарополе -6, -4 во Крушево, -3 Охрид и Претор, -2 во Берово и Куманово, -1 Скопје-З.Рид, Кр.Паланка, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип, 1 Струмица и 2 степена во Гевгелија и Дојран.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.