Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот Суд на Република Македонија продолжува судењето за настаните во кумановската населба „Диво Насеље“.По подолго време, судењето денеска повторно е отворено за јавноста. Претходно, поради распитот на заштитените сведоци и полицајци, согласно законот за кривична постапка, процесот се одвиваше на нејавна седница.
Денеска, главната расправа продолжува со доказна постапка и со присуство на јавноста, пишува во соопштението на судот.
Судењето за случајот „Диво Насеље“, односно за судирот меѓу полицијата и вооружената група што се случи во мај минатата година во Куманово, почна од почеток.
Овој случај се спои со случајот „Молња“, односно со осумтемина логистичари уапсени неколку месеци по судирот.
Сите обвинети на судењето рекоа дека не се виновни и дека судирот бил проeктиран за пари од високи функционери од управата за безбедност и контраразузнавање.
Што се однесува до денешното судење, поради значително зголеменото полициско обезбедување околу судот, веќе почнува да се создава голем метеж во овој дел од градот.По подолго време, судењето денеска повторно е отворено за јавноста. Претходно, поради распитот на заштитените сведоци и полицајци, согласно законот