Веќе имавте можност да прочитате дел од работите кои треба да почнете да ги правите за себе. Денес ви го претставуваме останатиот дел од текстот. На следниов линк можете да се потсетите на првиот дел: 30 работи кои треба да почнете да ги правите за себе- I дел16.Радувајте се на туѓите победи. Почнете да забележувате што ви се допаѓа кај другите и кажете им. Доколку ги цените луѓето околу вас ќе стигнете до добри позиции. Затоа радувајте се за оние кои напредуваат. Славете за нивната победа. Порано или подоцна луѓето за кои се радувате ќе почнат да се радуват за вас.
17.Побарајте надеж во тешките ситуации. Кога работите се тешки, вие сте нарасположени, воздивнете длабоко и побарајте надеж. Потсетете се дека можете да станете посилни од овие проблеми.
18.Почнете да си простувате себеси и на другите. Сите ние сме биле повредени од сопствените или од туѓи одлуки. И додека болката од овие искуства е нормална, понекогаш се задржува премногу долго. Прошката е лекот. Не значи дека го бришете минатото, или заборавате што се случило. Едноставно се ослобудувате од каењето и болката, и одлучувате да научите нешто од инцидентот и да продолжите со животот.
19.Помогнете им на оние оклу вас. Грижете се за луѓето. Водете ги доколку знаете подобар начин. Колку повеќе им помагате, толку повеќе и тие ќе сакаат да ви помогнат.
20. Слушајте го вашиот внатрешен глас. Доколу ви е од помош, разговарајте со блиските, но следете си ја и сопствената интуиција. Бидете искрени со себе. Кажете што имате да кажете.
21Внимавајте на нивото на стрес и земајте кратки паузи. Забавете малку. Дишете. Дадете си дозвола да направите пауза, соземете се и продолжете напред јасно и со намера. Овие кратки паузи ќе ви помогнат да ја повратите силата и да ги проверите вашите скорешни постапки.
22. Почнете да ги забележувате убавините на малите моменти. Наместо да чекате да се случат големи работи – брак, деца, големо унапредување и сл. – пронајдете среќа во мали работи кои се случуваат секој ден. Малите работи како на пример да го испиете утринското кафе на мир. Доколку ги забележите овие мали задоволства на дневна база прави голема разлика во квалитетот на вашиот живот.
23. Прифаќајте ги работите кога не се совршени. Запомнете, „совршеното“ е непријател на „доброто“, Еден од најголемите предизвици за луѓето кои сакаат да напредуваат е тоа да научат да ги прифатат работите такви кавки што се. Некогаш е подобро го прифатите и цените светот каков што е, и луѓето какви што се, отколку да се трудите да ги правите работите совршени.
24.Работете секој ден кон остварување на целите секој ден. Запомнете, патувањето од илјада миљи започнува со еден чекор. Излезете надвор и ПРАВЕТЕ нешто! Колку поупорно работите, толку посреќни ќе бидете.
25.Бидете поотворени за тоа како се чувствувате. Доколку сте повредени, отворете се. Зборувајте со најблиските, кажете им како се чувствувате. Нека ве ислушаат. Ослободувајќи се од работите кои ве мачат е првиот чекор кон подобро расположение.
26. Земете цеклосна одговорност за сопствениот живот. Бидете споственик на грешките и изборите, и работете на нивно подобрување. Доколку вие на ја превземете одговорноста за сопствениот живот, некој друг ќе го направи тоа. И кога ќе го сторат тоа, ќе бидете роб на нивните желби и потреби.
27.Негувајте ги активно вашите најважни врски. Внесете вистинска радост во вашиот и живототна оние кои ги сакате едноставно кажувајќи им колку тие се важни за вас. Не можете да бидете се за сите, но можете да бидете се за неколкумина. Запомнете, не ви е потребна одредена бројкана пријатели, туку пријатели на кои можете да сметате.
28. Почнете да се концентрирате на работите кои можете да ги контролирате. Не можете да смените се, но секогаш можете да смените нешто. Трошењето на вашето време, талент и емоционална енергија на работи кои се далеку од ваша контрола е рецепт за фрустрација и стагнација. Користете ја вашата енергија за работи кои можете да ги контролирате.
29.Фокусирајте се на можноста за позитивни резултати. Мозокот мора да верува дека може да направи нешто пред всушност да го направи. Начинот да ги надминете негативните мисли и деструктивните емоции е да развивате позитивни емоции кои се посилни и помоќни. Не можете да контролирате се што ќе ви се случи, но можете да контролритае како ќе изреагирате. Сечиј живот има позитивни и негативни аспекти – дали ќе бидете среќни и успешни зависи на кој аспект ќе се сконцентрирате.
30. Почнете да забележувате колку сте богати во мометв. Хенри Дејвид еднаш рекол „Богатство е можноста целосно да го искусите животот.“ Дури кога времињата се тешки, секогаш е важно да гледате напред. Не легнавте гладни вчера, не спиевте надвор, имавте избор кои алишта да ги облечете утрово. Не се исплашивте ниту за миг. Имате пристап до интернет, можете да читете. Многумина можат да кажат дека сте неверојатно богати, затоа не заборавајте да бидете благодарни за сите работи кои ги имате.
16.Радувајте се на туѓите победи. Почнете да забележувате што ви се допаѓа кај другите и кажете им. Доколку ги цените луѓето околу



