Триесетдневен притвор добија лицата кои вчера беа уапсени на територијата на Струга и Гостивар под сомнение за планирање терористички активности, дознава ТВ21.
Според информациите од истрагата, апсењето следело по наредба на надлежен јавен обвинител, а полицијата спровела претреси на неколку локации. Осомничените, наводно, планирале активности кои претставуваат сериозна закана за безбедноста на Македонија, како и за други држави.
Синоќа и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека „станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода“.
Детали министерот ќе објави на денешната прес-конфренција.