Одреден е 30-дневен притвор за малолетникот од село Сенокос прилепско, осомничен за убиството на 14-годишното момче, вчера вечер во Прилеп.
Притворот го определи судија за деца, на барање на прилепското обвинителство. Сомнежите се дека меѓу убиеното момче и осомничениот имало меѓуврсничка нетрпеливост која кулминираше со убиство.
Во влезот од зграда лоцирана на ул. „Кузман Јосифоски“ во Прилеп осомничениот со умисла лишил од живот дете родено 2009 година, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож. Оштетениот успеал да избега, меѓутоа изгубил свест и подоцна им подлегнал на повредите.