30 скапоцени лекции секоја мајка треба да ги вреже во умот на својот син

Некои животни лекции најдобро се учат на училиште, некои помеѓу луѓето кои ги нарекуваме пријатели, но најдобрите и најдрагоцени лекции се учат дома. Многу често мајките ја потценуваат својата улога на учителки во животот на нивните синови. Реалноста е дека како ќерките, така и синовите, имаат потреба од мудрите зборови на личностите кои ги довеле на овој свет.
Еве кои скапоцени лекции секоја мајка треба да ги вреже во умот на својот син:
1. Не грижи се за тоа дали јас или твојата избраничка се гордееме со тебе, грижи се дали ти се гордееш со себе.
2. Не дозволувај егото да те спречи да кажеш „Извини“. Ќе изгубиш многу сакани личности и ќе пропуштиш многу шанси поради тоа.
3. Светот не се врти околу тебе. Можеби мојот да, но не и на останатите луѓе. Не биди себичен. Почитувај го туѓото време и секогаш биди точен.
4. „Валканиот“ хумор не е секогаш најзабавна варијанта да насмееш некого. Научи да бидеш забавен на достоинствен и културен начин. Зборовите можат да болат.
5. Девојките во реалниот живот не изгледаат како ангелите од Victoria’s Secret. Не се стреми кон идеалот за жена кој ти го пласираат медиумите и брендовите.
6. Најди личност која ќе знае да те насмее и која ќе те почитува и помини го животот со неа. Твојата љубовна врска ќе влијае на сите останати аспекти од твојот живот.


7. Третирај ја својата сопруга како кралица и таа ќе те третира како крал за возврат.
8. Однесувај се кавалерски кон сите жени, особено кон твојата избраничка. „До крајот на животот“ е прилично долг период за да го поминеш со личност која ја иритираат твоите манири. Биди џентлмен, употребувај го изразот „дамите први“, отворај ѝ ја вратата на саканата… кавалерството не треба да умре.
9. Не ја споредувај својата сопруга со мене. Штом ти си ја избрал да стои до тебе, таа е прекрасна на свој начин.
10. Биди силен, но нежен истовремено. Добрите момци завршуваат први, а не последни.
11. Искажувај ги своите емоции. Со потиснувањето на чувствата креираш темпирана бомба која кога-тогаш ќе експлодира. Наместо душата тивко да ти вреска од фрустрации, да го криеш срамот или да ја гризеш устата од возбуда, изразувај се слободно. Чувствата не се табу тема.
12. Жената може да направи речиси сè што можеш и ти, но твојата помош ќе биде секогаш добредојдена.
13. Ова е рерна, машина за перење, правосмукалка… Научи да ги користиш апаратите во домаќинството. Домашните обврски не се само за жени.
14. Ако девојка отсечно ти одговори „Ништо“ на прашањето „Што ти е?“, треба да знаеш дека те лаже.
15. Кондомите можат да ти го спасат животот.


16. Спуштај го капакот пред да излезеш од тоалетот. Некој треба да ја употреби веце шолјата по тебе.
17. Гордеј се со својот изглед и негувај го. Хигиената е пред сè.
18. Пријателите се најдобри партнери за танцување низ животот. Избери го квалитетот пред квантитетот. Опкружи се со добри луѓе.
19. Не започнувај кавга, но научи како да се одбраниш. Не ја користи тупаницата за да решиш проблем. Таа може да одземе живот. Користи зборови, не раце (освен во самоодбрана).
20. Неследењето на групата не те прави губитник, туку лидер сам на себе. Ако гледаш дека твоите врсници се на лош пат, не им се придружувај само за да се вклопиш. Не ги исмејувај послабите и поддржи ги оние кои се исмевани.
21. Насмевките се бесплатни. Подарувај ги почесто.
22. Секогаш е полесно да ги потрошиш парите отколку да ги заработиш.
23. Умереноста е секогаш подобра опција од лакомоста.
24. Твоите соништа се поголеми од твоите стравови. Имај свое мислење, следи ги своите соништа. Не дозволувај стравот да те спречи да се бориш за нештата кои очајно ги сакаш. Биди дело на сопствената уметност.
25. Животот ќе поставува планини пред тебе, но глетката е прекрасна кога ќе се искачиш на врвот. Ќе има моменти во животот кога ќе се мачиш, ќе има лоши настани, но прекрасните ќе те тераат да заборавиш на тешкотиите низ кои си поминал.
26. Зад добрата можност секогаш се крие добра награда. Кога пред тебе ќе се отвори примамлива можност, не губи време, туку зграпчи ја со истата брзина со која таа се појавила пред тебе.
27. Не се чувствувај принуден да спортуваш, но ако практикуваш спорт, играј како шампион. И никогаш не се откажувај прерано, играта трае сè додека не заврши.
28. Никогаш не престанувај да учиш. Биди љубопитен, истражувај, учи и никогаш не престанувај да се вртиш во тој магичен круг. Знаењето не може никој да ти го одземе.
29. Нема ништо што добриот сон не може да го поправи. Утрото е секогаш помудро од вечерта. Не ги решавај проблемите по напорниот и стресен работен ден. Сè е подобро наутро.
30. Јавувај ѝ се на својата мајка. Ќе ѝ недостигаш. Независно од твојата возраст, ти секогаш ќе бидеш нејзино дете и најважниот маж во нејзиниот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.