300 учесници од 6 земји на 4. „Стопанска Триоги триатлон“ утре во Скопје

Речиси 300 натпреварувачи од 6 земји ќе учествуваат 4. градски триатлон – спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлон 2024“ што ќе започне утре во 8.15 часот со првата категорија на базенот „Борис Трајковски“. Сениори, мастерси, јуниори и рекреативци први ќе испливаат 750 метри, ќе возат 20 километри велосипед, па ќе следува трчањето на 5 км. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски”, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.Тргата од година в година буди сè поголем интерес кај триатлонците од Македонија и од регионот, како и од рекреативците, што сакаат да се обидат во овој спорт.

– Неизмерно сме среќни што дојдовме до денот за реализација на нашата четврта трка. Патот не беше лесен во времиња и околности тешки за спортот, но не се откажавме, а за среќа, попат наидовме на пријатели и компании и подржувачи што точно знаат што значи да се бориш за одредена идеја и цел. Ќе го направиме Скопје уште еднаш горд град и рамо до рамо со сите големи триатлонски метрополи. Ја поканувам публиката да излезе и да им даде поддршка на спортистите, зашто тоа е многу важно за една трка – вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Ќе се натпреваруваат триатлонци во следните категории:

– Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање;
– Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
– Деца 1 (2015 и помлади – рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
– Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

– Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

4. Stopanska Triogy Triathlon се реализира со техничка соработка со македонската Триатлон федерација, главен спонзор е „Стопанска лизинг“. Трката ја помагаат: Еврохем, Фаворит електроникс, Реплек, Зоник градба инженеринг, Корпа, Никоб обезбедување, Никоб медикал, Аутомотив груп, хотел Солун, Тој Тој, Агенција за млади и спорт, Пекабеско, Мастер инженеринг, АМСМ, Кома, АТГ Македонија, Проспорт.

„Триоги Рејсинг“ – Скопје е најтрофејниот триатлон клуб во Македонија. Постои 6 години, има повеќе од 100 члена и 100-ци медали освоени на домашни и на меѓународни натпревари. Ние вложуваме најмногу во развојот на овој спорт кај децата, затоа што сметаме дека само така ќе имаме здрава младина. Стопанска лизинг АД – Скопје е новоотворена лизинг компанија на македонскиот пазар со широка понуда на финансиски и оперативен лизинг за корпоративниот и граѓанскиот сектор. Поддршката на Триатлонот во Скопје е уникатна можност да се делува директно во развојот на овој актуелен спорт и во градење на нови спортски традиции за Градот и државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: