Симулирањето во НБА минатата сезона беше една од главна тема, организацијата е под голем притисок од јавноста да воведе барем какви-такви санкции во НБА лигата.
„Симулирањето не е дел од нашата игра“, со оваа парола НБА воведе парични казни за обиди за симулирање и симулирање на НБА натпреварите.
За првото кршење на правилата, играчите ќе добијат предупредување, второто веќе ќе се санкционира со казна од 5000 долари, за третото 10000 долари, а веќе за четвртото кршење на правилата ќе биде санкционирано со 30000 долари. Веќе шестото или повеќекратно кршење на правилата може да доведе до суспензија.
Пронајдете не на следниве мрежи: