Македонскиот фудбалски интернационалец Игор Митрески одигра цел меч во Лига Европа против тимот на Интер, италијанскиот претставник ја потврди фаворитската улога славејќи со 1-3.
Игор Митрески одигра цел меч во Лига Европа во дуелот против Интер. Неговиот тим Нефчи го изгуби дуелот на домашен терен со 1-3.
Филипе Кутињо во 10-тата минута од мечот го доведе тимот на Интер во водство од 0-1. Во 30-тата минута Оби зголеми на 0-2 а само 12 минути подоцна Интер зголеми на 0-3 преку Ливаја.
Каналес во 53-тата минута само успеа да го ублажи поразот на Нефчи во дуелот со Интер на домашен терен.
Фото: uefa.com
Пронајдете не на следниве мрежи: