6 намирници кои најдобро го чистат дебелото црево

Дебелото црево е важен орган во кој со текот на времето може да се насобере талог. Хранливите влакна се едни од главните состојки кои го поттикнуваат движењето на цревата и нивното празнење. За да го зачувате здравјето на дебелото црево и за да го исчистите, обидете се да консумирате повеќе од следниве намирници кои се богати со хранливи влакна.
6 намирници кои најдобро го чистат дебелото црево
1. Кафеав ориз
Малку обработените житарици како кафеавиот ориз и киноата, се одлични за чистење на дебелото црево. Тие се богати со хранливи влакна, а консумирањето 3 порции дневно го намалува ризикот од рак на дебело црево за 17%.


2. Грав и леќа
Овие намирници се исто богати со хранливи влакна. Луѓето кои консумираат хранливи влакна најмногу од растителни извори, имаат 35% помали шанси да добијат полип на дебелото црево. Според некои истражувања, оваа храна содржи и состојки кои штитат од рак.
3. Чиа семе
Ако изедете 2 лажици чиа семиња, ќе внесете 10 грама хранливи влакна што е дури 40% од дневната препорачана доза. Хранливите влакна ја помрднуваат столицата во дебелото црево и ги отстрануваат токсичните хемикалии и холестеролот. Хранливите материи во влакната можат да влијаат врз дебелото црево на клеточно ниво и да го штитат од болести.
4. Брокула, кељ и прокељ


Едно истражување покажало дека консумирањето готвен зелен зеленчук го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 24%. Бидејќи не секогаш е практично да го следите внесот на хранливи влакна во грама, обидете се третина од вашата чинија да зазема зеленчук богат со хранливи влакна, како брокула, карфиол и кељ.


5. Сардина и пастрмка
Луѓето кои имале рак на дебелото црево, и кои го зголемиле внесот на омега 3 масни киселини од риба, како лосос, сардина и пастрмка, имале помал ризик од смрт. Омега 3 масните киселини можат да го забават растот на клетките на рак, па дури и да ги убијат.
6. Ореви
Не само што оревите се богати со хранливи влакна, туку содржат и омега 3 масни киселини кои го чистат цревото. Истражувања спроведени на животни покажале дека консумирањето ореви создава поздрава околина во цревата и може да го намали развојот на тумори во дебелото црево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.