Организаторите на мастерс турнирот во Шангај ги зголемија безбедносните мерки откако Роџер Федерер, првиот светски рекет, добил смртни закани.
Непознат блогер на популарен кинески сајт напишал дека ќе го убие швајцарскиот тенисер.
„На 6.октомври планирам да го убијам Федерер, како би го укинале тенисот“, стои во пораката на “baidu.com“ под име “Blu Cat Polytheistic Religion Founder 07“.
Истото лице на сајтот поставило слика на Федерер кој без глава клечи на тенискиот терен, а покрај него стои џелат со секира во рака.
„Се надеваме дека ова беше само закана и дека ’навивачот’ нема ништо да превземе. Во секој случај ние сериозно ја разгледуваме оваа закана. Го зголемивме обезбедувањето околу Федерер, но ќе ја засилиме и безбедноста околу другите тенисери“, изјавил Јанг Јибин член на организациониот комитет на турнирот во Шангај.
Тој рекол дека од безбедносни причини времето на пристигнувањето на Федерер и неговото семејство не им било откриено на медиумите, а тие од аеродромот веднаш биле однесени во хотелот.
Макфакс
извор: б92
Пронајдете не на следниве мрежи: