Мурињо: Светот застанува кога играат Реал и Барса

 

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, во свој стил го опиша претстојното дерби со Барселона.

Контроверзниот стратег, за шпанските медиуми изјави дека целиот свет застанува на 90 минути кога играат Реал и Барса. 

„Тоа е меч кој сите го сакаме и на кој сите му се радуваме, исто како што тоа го прават кај нашиот противник. Нема зошто да се лажеме, кога играат Реал и Барселона целиот свет засатнува во тие 90 минути. Дуелите со Барселона, со должна почит кон другите, се нешто сосема различно во однос на останатите натпревари. Наша цел на овој меч ќе биде да се освојат трите бода, сакаме повотрно да бидеме на првото место и да го одбраниме пехарот во Шпанија на крајот од сезоната“, порача Мурињо. 

Натпреварот Барселона-Реал Мадрид на програмата е во недела, со почеток во 19:50 часот. По првите шест кола во Примера дивизија, Барселона има максимални 18 бодови, додека Реал освои само 10 бода.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: