Спортинг остана без тренер

 

Дебаклот во Лига Европа кој Спортинг Лисабон го доживеа во Унгарија кај Видеотон, од кого загуби со 3:0, ја прели чашата во португалскиот тим, а цехот го плати тренерот Рикардо Са Пинто.

Неколку португалски медиуми пренесуваат дека Са Пинто по натпреварот поднел оставка на функцијата. 

Легендата на клубот и поранешен репрезентативец со Спортинг оваа сезона на девет натпревари забележа само една победа. 

Сè уште не е познато кој ќе биде наследникот на Са Пинто.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: