Две победи и пет порази забележаа екипите во кои настапуваат македонските интернационалци, во натпреварите од второто коло во Лига Европа.
Наполи, во чии редови половина час одигра Горан Пандев, беше декласиран во Ајндховен од ПСВ со 3:0. Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, мечот го започна со комбиниран состав, без Пандев и Кавани во стартниот тим, што на крајот резултираше со убедлив пораз на екипата од Неапол.
Нефчи на Игор Митревски, кој го одигра целиот натпревар, загуби на домашен терен од Интер со 3:1.
Лацио беше подобар од Марибор со 1:0, Агим Ибраими во редовите на првакот на Словенија го одигра целиот меч.
Кирјат Шмона, во последните моменти, како домаќин загуби од Лион со 3:4. Дарко Тасевски целиот меч го преседе на клупата за резерви. Од клупата поразот на Партизан од 2:0 во Казањ кај Рубин го гледаше Александар Лазевски.
Иван Тричковски влезе во игра во 89-та минута, неговиот Бриж забележа победа над Маритимо со 2:0. Триумф запиша и Стеауа, минимален од 1:0 над Копенхаген, Даниел Георгиевски не беше во составот на романскиот тим.
Група А:
Анжи-Јанг Бојс 2:0
Ливерпул-Удинезе 2:3
Група Б:
Академика-Хапоел Тел Авив 1:1
Атлетико Мадрид-Викторија Плзен 1:0
Група Ц:
Олимпик Марсеј-АЕЛ Лимасол 5:1
Борусија Менхенгладбах-Фенербахче 2:4
Група Д:
Бриж-Маритимо 2:0
Њукасл-Бордо 3:0
Група Е:
Молде-Штутгарт 2:0
Стеауа-Копенхаген 1:0
Група Ф:
АИК-Дњепар 2:3
ПСВ-Наполи 3:0
Група Г:
Базел-Генк 2:2
Видеотон-Спортинг Лисабон 3:0
Група Х:
Нефчи-Интер 1:3
Рубин-Партизан 2:0
Група И:
Кирјат Шмона-Олимпик Лион 3:4
Спарта Прага-Атлетик Билбао 3:1
Група Ј:
Лацио-Марибор 1:0
Панатинаикос-Тотенхем 1:1
Група К:
Металист-Рапид Виена 2:0
Розенборг-Баер Леверкузен 0:1
Група Л:
Хановер-Леванте 2:1
Хелсингборг-Твенте 2:2.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: