Во Истанбул приведени осомничени за убиството на амбасадорот на САД во Либија

Две лица осомничени за учество во убиството на американскиот амбасадор во Либија Кристофер Стивенс, се приведени во истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јави телевизијата Kanal D на својата интернет страница.

 

Според телевизијата, турската полиција задржала двајца осомничени, наводно државјани на Тунис, при обидот да влезат во земјата со лажни патни исправи. Полицијата во Истанбул одбила да ги коментира информациите во медиуми.

Амбасадорот Кристовфер Стивенс беше еден од четворицата американски дипломати коишто беа убиени на 11-ти септември во нападот врз конзулатот на САД, во либискиот град Бенгази, каде што беше седиштето на бунтовниците коишто со помош на западните сили го соборија деценискиот режим на полковникот Моамер ел-Гадафи.

Истанбул, 05.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: