Јужнокорејскиот електронски гигант Самсунг Електроникс во петок соопшти дека во третото тромесечје очекува рекордна оперативна добивка во висина од 8.100 милијарди вони (7,3 милијарди долари) благодарејќи на продажбата на популарниот „паметен телефон“ Галакси.
Предвидената оперативна добивка претставува 90,5 отстотен раст во однос на претходната година и ќе го надмине досегашниот рекорд од 6.700 милијарди вони, забележан во претходното тромесечје.
Во тримесечниот период заклучно со септември Самсунг очекува и 26 отстотен раст на приходите, на 52.000 милијарди вона, и покрај неизвесниот исход на спорот со американски Епл околу патентните права.
Самсунг е најголема светска технолошка компанија според приходите. Традиционално објавува прогноза на добивките пред официјалните резултати што ќе бидат објавени уште овој месец.
Јужнокорејската компанија претрпе сериозен удар во август во правниот спор со американски Епл околу патентните права, кога американскиот сојузен суд пресуди дека прекршил одредени патентни права на Епл од подрачјето на дизајнот и софтверот, одредувајќи му парична казна повисока од милијарда долари.
Сеул, 05.10.2012. (Макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: