Интервју: Марија Нацева со совет до девојките, како до подобар задник

Puls24 во ексклузивно интервју со Марија Нацева,  девојка со совршено тело.Таа има неколку совети за вас, како до поздраво и подобро тело. 

Најпрво ќе ни кажеш како започна да се занимаваш со овој спорт ?
Кога ќе се сетам во спортот сум уште од мали нозе, на 10 годишна возраст започнувам со гимнастика,а бидејки бев многу еластична сите ме нарекуваа „ластика“хахаха, потоа преминав на ракомет, за да на крај ете до денес останам и се пронајдам во фитнесот. Со овој спорт започнав пред 7 години, рекреативно но во последниве четири години се занимавам поактивно т.е професионално. 
Што подразбираш под „Професионално“?
Професионално во смисла на практикување на одреден режим на исхрана, одредена програма за вежбање, во зависност од периодот и од тоа што треба да се постигне,и секако со вклучена суплементација без која ниту еден професионалец не се остава.
Дали овој спорт како и другите спортови бара да се откажеме од одредени задоволства, се со цел да успееме ?
Значи, овој спорт бара многу, но сепак нашата цел е вредна за било каква жртва, затоа што тешко дека нешто ќе добиеме без нешто да се жртвува. Сите ние имаме безброј желби, но малкумина од нас се осмелуваат да ги остварат.

Кој е основниот предуслов за да се постигне посакуваната форма ?
Значи на прво место се наоѓа исхраната, дали станува збор за слабеење или за поправање таа е основниот сегмент за да се постигне посакуваната форма. Навистина многу тешко е да се откажеш од исхраната во која уживаш  однсоно чоколада, сладолед, помфрит и сличноно сепак вреди, секако, доколку ја имате зацртано целта која сакате да ја постигнете. Меѓутоа не сите се професионалци и не сите имаат потреба да се лишуваат од задоволството, најбитната работа е умереноста и контролата кога станува збор за исхраната, исто така луѓето треба да се научат како да ја избалансираат исхраната и секако внесот на калории. 

Која е формулата за слабеење ?
Секогаш кога се слабее, се слабее со јадење, но никако со гладување што е чест случај посебно кај женската популација. Значи да заокружиме за убаво обликувано тело потребно е да се среди исхраната, да се јаде почесто во текот на денот 5 до 6 оброци но во помала количина, така ќе се забрза метаболизмот а со тоа сме го направиле првиот чекор, треба да се зголеми внесот на протеинската исхрана, да се намали внесот на јаглехидрати и масти но никако целосно да се исфрли.
Потоа мора да се вклучат кардио активности, исто така да се зголеми внесот на течности … секако без шекери. 
 

Целулитот е најголем непријател на жените, како против него ?
Целулитот претставува огромен проблем и е вечниот непријател на жените и најчесто се појавува на бутовите, задникот и нозете, но може да се појави на стомакот и рацете. Сето тоа се должи на нивната неактивност, пушење, неправилна исхрана, дехидратација, стрес и напнатост, може да е хормонски и секако во многу случаи е наследен.
Како да си помогнеме во таков случај ?
 Мора да се направи промена во исхраната, да се практикува физичка активност како во случајот фитнес така што доколку комбинирате паралелно кардио и фитнес ќе добиете неверојатно убаво обликувано и цврсто тело. Понатаму пијте повеќе течности, вода, зелен чај( делува како диуретик), и секако можете да земете некој суплемент, топач на масти, кој дополнително ќе го забрза процесот на слабеење. 

Препорака каде може да се најдат овие суплимените ?
Производите можете да ги најдете во Get Ready центарот за спортска исхрана и опрема,а воедно да добиете стручно мислење и совети од Гет Реди Тимот или посетете го нашиот сајт www.napumpajse.com.

Дали имаш некој совет до девојките, како до подобар задник ?
Кога се вежба потребно е да се вежбаат сите мускулни партии за да не се дојде до диспропорција на телото.. но кога станува збор за задникот има одредени вежби без кои не треба да се оставете вие девојките.Можат да се изведуваат во домашни услови но според мене подобро е да се посети некоја теретана затоа што таму се наоѓаат справи специјални за таа мускулна партија. Но сепак без чучен, исчекор, дет лифт со подисправени нозе не треба да се оставете.  
Значи добриот тренинг, правилната исхрана, правилната суплементација, и секако добриот сон ги исполнуваат сите преуслови за постигнување одлични резултати.

Кој е твој идол од кој што црпиш инспирација ?
 Mоја омилена фигура е бразилката Larissa Reis, значи секогаш кога ќе ја видам ми дава огромна мотивација за вежбање.

Некој совет до нашите читатели ?
Хранете се здраво, вежбајте правилно, хранете го вашиот дух и тело онака како што заслужуваат, мотивирајте се, имајте верба и воља и постигнете ја поставената цел , и да не заборавите купувајте производи од Get Ready и изгледајте совршено. 
Македонски убавици: Марија НацеваМакедонски убавици: Ангелина Силева
Македонски убавици: Мона Џексон
Интервју: Драгана Спасовска со подршка до спонзорушите: „Само напред девојки!“Puls24 во ексклузивно интервју со Марија Нацева,  девојка со совршено тело.Таа има неколку совети за вас, како до поздраво и подобро тело.&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: