Кога станува збор за најдобриот олимпиец на сите времиња, првото име на кое што ви текнува е Michael Phelps, но веднаш позади него се наоѓа Usain Bolt кој тотално доминираше на патеките како во Beijing така и во London. Најбитната работа за секој спортист се нивните тренинг патики. Секако Usain Bolt помеѓу спринтовите се загрева во неговите нови “Bolt evo Speed XT” патики кои само со 250 грама тежина и ултра модерниот и софистициран надворешен дизајн му овозможуваат поголема контрола како над долниот дел на стапалото така и над горниот дел. Новите црно-сиви патики со одделни делови со зелено потсетуваат на боите на Jamaica според која се правени и сите претходни патики на Bolt. За доказ на нивната оригиналност Puma го постави логото и потписот на Bolt на јазикот на патиките.
Пронајдете не на следниве мрежи: