четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тренинг патиките на Usain Bolt

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога станува збор за најдобриот олимпиец на сите времиња, првото име на кое што ви текнува е Michael Phelps, но веднаш позади него се наоѓа Usain Bolt кој тотално доминираше на патеките како во Beijing така и во London. Најбитната работа за секој спортист се нивните тренинг патики. Секако Usain Bolt помеѓу спринтовите се загрева во неговите нови “Bolt evo Speed XT” патики кои само со 250 грама тежина и ултра модерниот и софистициран надворешен дизајн му овозможуваат поголема контрола како над долниот дел на стапалото така и над горниот дел. Новите црно-сиви патики со одделни делови со зелено потсетуваат на боите на Jamaica според која се правени и сите претходни патики на Bolt. За доказ на нивната оригиналност Puma го постави логото и потписот на Bolt на јазикот на патиките.

 

Поврзани вести