Најубавата спортска приказна кај нас стигна до среќен крај, откако цела сезона имаше дилеми, недоумици, стравови за егзистенцијата на клубот. Вардар се искачи на ракометниот врв, а Сергеј Самсоненко беше блиску до ракометарите да го прослави историскиот успех. Претседателот на Вардар славеше заедно со ракометарите во хотелот „Радисон Блу“ во Келн, а потоа им се обрати и на симпатизерите.
Пронајдете не на следниве мрежи:



