Шек му порача на Хауард: Играш како европски центар

 

Новиот центар на ЛА Лејкерс, Двај Хауард, му одговори на Шекил О`Нил, кој новиот играч на „езерџиите“ подолго време го омаловажува по американските медиуми.

Шек не го гледа Хауард како вистински центар каков што тој некогаш бил, според него, Брук Лопез и Ендрју Бајнам се единствени класични центри во лигата. 

„Не ме интересира што говори Шекил. Тој играше, го нема повеќе, времето оди понатаму“, рече Хауард, кој беше прв ѕвезда на минатиот преоден рок. 

Шекил кој неколку години работи како аналитичар за телевизиската станица „TNT“, неодамна го нарече Хауард „европски центар“, кој кошот го напаѓа само од „пик енд рол“.  

„Ние како играчи секогаш ги гледавме оние кои беа пред нас. Кога дојдов во НБА тука беа Патрик Јуинг и Хаким Олајџувон, асови кои играа како вистински центри, длабоко внатре, под самиот кош. Денеска гледам дека центрите играат по европски стил, на „пик енд рол“. 

„Двајт Хауард игра токму така и иако многумина сметаат дека тој е најдобриот центар во лигата, јас како припадник на „старата школа“ мислам дека пред него се Брук Лопез и Ендрју Бајнам“. 

Хауард порача дека Шекил е еден од најдобрите центри во историјата на кошарката и дека не треба да го троши своето време на разговори за други играчи, туку дека може да се опушти и да ужива во пензијата. 

Лејкерси со трансферот на хауард само го продолжија долгогодишниот тренд во тимот да ги имаат најдобрите центри во лигата. во дресот на Лејкерси во НБА лигата со години доминираа Џорџ Микан, Вилт Чемберлен, Карим Абдул-Џабар и Шекил О`Нил. 

ЛА Лејкерс на свечена церемонија, која е закажана за 2. април 2013 година, планираат да го повлечат дресот со број 34, кој го носеше Шекил.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: