Македонската женска ракометна репрезентација претрпе пораз 20-28 од Црна Гора во вториот пријателски натпревар одигран во Охрид.
“Црвено – жолтите“ играа одлично во првите десет минути, кога и на теренот беше првата македонската постава.
Македонија имаше предност од 5-2, по што следуваа серија замени и кај едната и кај другата селекција. Во таа ротација подобро се снајдоа Црногорките кои со серија 9-0 го свртеа резултатот во своја корист.
Мечевска ја прекина серијата на противничките, по што до крајот на првиот дел се играше се играше гол за гол. Црна Гора на полувреме замина со предност од 15:8 и со плус седум.
На стартот на вториот дел мини серија на македонските репрезентативки по која избраничките на Гино Стрезовски стигнаа на минус четири, 15-11.
Но повторно со серија грешки македонските ракометарки им дозволија лесни голови на Црногорките кои ја направија клучната предност од 19-12.
До крајот на мечот и двете репрезентации неизменично ја погодуваа противничката мрежа, по што разликата остана иста.
Првиот контролен меч кој Македонија и Црна Гора го одиграа во четвртокот заврши со резултат 30:30.
Двете контролни средби беа дел од подготовките на Македонија и Црна Гора за Европското првенство, кое од 4 до 16 декември ќе се одржи во Србија.
Макфакс
извор: ohridnews.com
Пронајдете не на следниве мрежи: