Јувентус ги сака Љоренте и Нани

 

Раководството на актуелниот италијански шампион Јувентус, за вториот дел од сезоната најавува две големи засилувања.

Имено, „Старата дама“ во јануари има желба да ги ангажира Фернадо Љоренте напаѓачот на Атлетик Билбао и Нани играчот од редот за врска на Манчестер Јунајтед. 

Љоренте со Јувентус се поврзуваше и во летниот преоден рок, но раководството на Атлетик не сакаше да го продаде својот најдобра стрелец. 

Нани изминатото лето беше блиску до напуштање на „Олд Трафорд“, најголем интерес за неговите услуги покажуваше Зенит, но тој сепак остана во редовите на „црвените ѓаволи“. 

„Љоренте поседува квалитет каков што бараме во Јувентус и ние во јануари ќе се обидеме да го реализираме трансферот“, потврдил директорот на Јувентус, Бепе Марота. Покрај италијанскиот првак интерес за Љоренте покажуваат Манчестер Сити и Интер. 

Од друга страна Нани не е во добри односи со менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон откако побарал зголемување на неделната плата за 40.000 фунти. 

Јувентус е подготвен за трансфер на Португалецот да издвои 12 милиони евра, доколку оваа сума не биде доволна тие ќе се обидат да го ангажираат Тео Волкот од Арсенал.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: