Мусака со тиквички и сирење

350 г тиквички
300 г модар патлиџан
300 г домати
600 г младо сирење/кашкавал -Моцарела или Гауда
500 мл павлака за готвење
2 жолчки
масло
сол
Тиквичките и модриот патлиџан исечкајте ги на ленти,  посолете ги, запржете ги од двете страни и ставете ги на хартија да се впие маслото.
Доматите исечкајте ги на кругови. Моцарелата или Гаудата крупно изрендајте ги, а жолчките измешајте ги со павлаката.
Премачкајте ја добро со масло тавата за печење и наредете ги состојките по овој редослед – тиквички, сирење, модриот патлиџан, сирење, тиквички, сирење, модар патлиџан, сирење и на крајот доматите. Прелијте со павлаката со жолчки и печете околу 40 минути на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.