Тренерот на украинскиот фудбалски гигант Динамо од Киев, Олег Блохин хоспитализиран е во петокот во болница поради покачен крвен притисок, а се очекува испитувањата да траат една недела.
Блохин заврши во болница два дена откако неговата екипа го совлада загрепски Динамо во второто коло од Лигата на шампиони.
Блохин го презеде тренерското место во Динамо минатата недела од Јуриј Сјомин, кој беше отпуштен поради лоши резултати.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: