Со јагоди затруени 11 илјади деца во Германија

Најмасовното труење со храна во Германија, поради кое 11 илјади деца од училишна возраст чувствувале мачнини како пролив и повраќање, најверојатно е предизвикано од консумирање смрзнати јагоди, објавија тамошните власти. 

 

Со вакви здравствени проблеми биле зафатени деца во 500 училишта во источна Германија, кои јаделе храна што ја набавува компанијата „Sodexo“, а 32 завршиле во болница со потешки форми на затруеност. 

 

Институтот „Роберт Кох“  соопшти дека е откриена „уверлива и статистички значајна поврзаност“ меѓу епидемијата и консумацијата на смрзнатите јагоди.

 

Од компанијата најавија исплата на отштета за заболените и во соопштението издадено по овој повод изрази „длабоко жалење поради овој изолиран инцидент“.

 

Берлин, 06.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: