Тоа што на некои луѓе им се допаѓа груб сексуален однос не значи дека се настрани

Дали сакате садо-мазо секс? Што има заедничко болката со задоволството и зошто некои луѓе сакаат груби еротски игри во сексот за да се задоволат? Одговорот се крие во биологијата.
Не е невообичаено, посебно во долга врска паровите да бараат нови начини да го освежат својот сексуален живот. Меѓутоа има и онакви кои премногу рано во една врска влегуваат во нешто настрано и ја користат болката за да бидат задоволени.
Но, како може болката да ве задоволи?
Науката вели дека болката кај човекот предизвикува предупредување за опасност која е непосредна. Болката која се појавува кога ќе се изгориме нè предупредува што може да ни се случи доколку се изгориме или се напиеме жешка вода.


Затоа ако ја земеме предвид човечката физиономија ќе видиме дека болката и задоволството имаат многу заеднички работи отколку што мислиме ние.
Истражувањата покажале дека чувството на болка, колку и уживањето, подеднакво делува на допаминските рецептори кои ги регулираат неуротрансмитерите.
Постои и една физиолошка страна за уживањето во чувството на болка. Станува збор за едно силно искуство кое од голема мера зависи од страните кои учествуваат во стимулација на болката.
На пример, болката која се појавува откако ќе се исечете со нож или по некоја операција никој нема да го задоволи. Меѓутоа кога некој доживува телесна болка од личноста која му ја предизвикала, тогаш чувството на болка е поразлично.
Едно претходно истражување покажало дека луѓето кои прифаќале да имаат садо-мазо игри, почувствувале поголема поврзаност со својот партнер, а научниците тоа го објасниле како голема доза на доверба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.