Иван Наумов – Алабакот (1870 – 24. VIII 1907) е македонски револуционер , еден од најпопуларните војводи на ТМОРО во Илинденското востание. Како војвода на Вториот крушевски востанички одред во Илинденското востание, учествувал во ослободувањето на Крушево во 1903 година. По востанието дејствувал со чета во Велешко, Крушевско, Прилепско, Кичевско и Поречието. Во 1907 година учествувал во познатата битка на Ножот. Опеан е во македонската народна песна.Иван (Јован) Наумов е роден во 1870 година во велешкото село Ореовец. Израснат во сиромашко семејство, Иван не може да го продолжи образованието и заминува на печалба во Солун. Работел како бакал во Драма и Кавала. Во Солун се запознава со идеите на Македонската револуционерна организација и околу 1900 година, преку првиот војвода на агитациско – организаторската чета Михаил Апостолов Попето станува член на Организацијата, кон која потоа ќе се приклучи и неговиот помал брат Павле Наумов.
Во текот на 1901/02 година Иван Наумов, наречен Алабакот, убива Турчин и бега во Софија. Во 1902 година се враќа како комита и станува војвода на чета во Одринско и во Смоленско.
Во почетокот на 1903 година бил поставен за организациски војвода во Крушевско. На 2 август 1903 година, како војвода на Вториот крушевски востанички одред, учествувал во ослободувањето на Крушево. Со неговото одделение, тој учествува во нападот и заземањето на касарната во Крушево. Во текот на Илинденското востание, кон четата се придружува Тодор Јаков, кој во реонот на Иван Наумов пренесува 25 коња натоварени со оружје и ќе остане со него до 1906 година земајќи учество во борбите кај Павлешенци, Крап, Ореше.
По Илинденското востание, Иван Наумов Алабакот преминува во Софија, Бугарија, каде извршил неуспешен атентат врз турскиот конзул. Во нападот врз пајтонот во кој се возел турскиот конзул, бил ранет неговиот гаваз, а Алабакот бил упсен и затворен. По шест месеци одлежани во затвор, без амнестија и без разгласување во јавноста, тој и неговиот соучесник Никола (Кољо) Коев Николов биле ослободени со напомена да исчезнат, по што со четата се враќаат во Македонија.
Иван Наумов-Алабакот со Крушевската чета во која во мај се приклучува и неговиот брат Павле, дејствува во Крушевско, Прилепско, Кичевско и Поречието. Освен со турските војници четата се бори и со четите на српската вооружена пропаганда. По разногласијата кои се појавуваат во Организацијата по востанието, велешкиот војвода Стефан Димитров не му дозволува на Наумов како сарафовист да дејствува во Велешко. Но, по надминувањето на недоразбирањата, веќе наредната 1905 година година четата навлегува во Велешко со задача да се справи со четите на српската пропаганда.
Една од најзначајните борби на Иван Алабакот кој ја води со четите на српската прпаганда се води кон крајот на јули во 1905 година во близина на селото Крапа.
Повеќе од 60 четници предводени од Иван Наумов Алабакот, Ѓакон Евстатиј (Георги Шкорнов од Нестрам, Егејска Македонија), Арсо Јовев Локвички (с. Локвица, Поречие) и Панчо Константинов (Велес), даваат решителен отпор на српските пропагандни чети предводени од србоманите Глигор Соколов(иќ) (с. Небрегово, Прилепско ) и Тренко Рујанов Крапјанин (с. Крапа, Поречие). Во борбата бил ранет и Павле Наумов, братот на Алабакот, по што бил испратен на закрепнување во Бугарија.
Иван Наумов со својата чета учествувал во една од најголемите и најкрвавите борби водена од здружените чети на Македонската револуционерна организација по Илинденското востание. Околу 150 комити и 150 селска милиција на здружените чети на Тане Николов, Михаил Чаков, Христо Цветков и Иван Наумов Алабакот, како и на реонските прилепски чети на Мирчо Најденов и Ѓоре Спирков и местната милиција и селските чети на Секула Ораовдолски и Велко Попадиски, на кои во инспекција им бил дојден битолскиот окружен војвода Петар Ацев, по предавство од просрпските агенти, на 14 јули 1907 година се судриле со многубројниот турски аскер на врвот Ножот, Попадиски Чукари и Асенова глава, во близина на селото Ракле, Прилепско. Во битката загинуваат 67 комити, од кои 45 на самиот врв.
Иван Наумов Алабокот ќе ја преживее борбата на Ножот, но, во август истата година (24. VIII 1907), на враќање од Конгресот на Битолскиот револуционерен округ на ВМРО во Пространската Планина, на кој Организацијата го избира за окружен ревизор на четите, тој бил убиен со двајца свои четници во селото Белица, Кичевско.
Постојат две верзии за неговата смрт. Една е дека тој притекнал на помош на една девојка од селото Белица која била грабната од Арнаути, па набрзо по доаѓањето на турскиот аскер, тој бил убиен. А втората верзија е дека бил предаден и загинал во борба со османлиската војска.
Иван Наумов Алабокот бил еден од најпопуларните војводи на Македонската револуционерна организација и е опеан во македонската народна песна.
Извор: Македонска нација Иван (Јован) Наумов е роден во 1870 година во велешкото село Ореовец. Израснат во сиромашко семејство, Иван не може да го продолжи образованието и