Додека Град Скопје молчи, се огласи претепаната Добрила од таксистот

Немил настан кој завчера се случил во Скопје, вчера ги преплави социјалните мрежи и предизвика жестоки реакции кај многумина. Ќе има ли кривична одговорност за некој во овој случај?
На видеото кое стана вирално, се гледа како жена е жртва на насилство, во близина на поранешниот скопски саем, кај хотелот Континентал.
Мажот кој ја нападнал оваа жена бил таксист, и веднаш избегал од местото на настанот, беа коментарите под видеото споделувано на социјалните мрежи.
На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, по што таа полугола паѓа на тротоар.

-На 24.07.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С.(30) од Скопје, изјавија од МВР за КУРИР и додадоа дека е извршен разговор со лицата и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против нив.
Од Град Скопје пак, втор ден молк за немилиот настан.

Станува збор за 30- годишната Добрила Стефановска која за Канал 5 ја објаснува причината за инцидентот.
Стефановска за Канал 5 раскажа дека била натепана од таксистот за банална причина, односно тој немал да и врати кусур.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.