Собарот на папата Бенедикт XVI осуден на година ипол

Собарот на римскиот папа Бенедикт Шеснаесетти, обвинет за „тешка кражба“ на доверливи документи осуден е на судот во Ватикан во саботата на година ипол затвор, по кусата судска постапка. 

 

Судот го осуди собарот на папата Паоло Габриеле на три години затвор, но веднаш ја преполови казната поради неговото досегашно „служење на Црквата“, и поради „убедувањето, коешто судијата го смета погрешно, дека правел добро за Црквата“, „однесувањето во текот на судењето“ и „свесноста дека го предал Папата“, образложи претседателот на судскиот совет Џузепе Дала Торе.

 

„Работата којашто во себе најсилно ја чувствувам е убедувањето дека делував од чиста, вистинска љубов кон Католичката црква и нејзиниот поглавар на земјата. Не се сметам себеси со крадец“, изјави Паоло Габриеле во кусата изјава.

 

„Бараме три години затвор и конечно но ограничена забрана за извршување должности во јавната управа“, рече тужителот на последното рочиште од овој процес, наречен од медиумите Ватиликс, за откривањето на документите коишто до медиумите ги проследил Габриеле откривајќи ги интригите и нетрпеливостите во врвот на Ватикан.

 

Поранешниот примерен 46-годишник во својот стан криел илјадници писма, факсови и различни документи, меѓу кои и некои потпишани од самиот папа Бенедикт Шеснаесетти, еден дел од нив проследувајќи ги до медиумите Документите коишто Габриеле ги проследил до Нуци, даваат увид во лажни фактури, интриги во кои се вмешани и соработници на папата Бенедикт Шеснаесетти, но и позитивната улога на дипломатијата на Ватикан.

 

Од книгата на Нуци „Неговата светост: тајните документи на Бенедикт XVI” се зборува за корупцијата, и тоа, Претседателот на владата на светата столица, монсињор Карло Мариа Вигано во писмото на Папата потврдува дека се обидуваат да го тргнат од должноста бидејќи тој настојува да ја искорени корупцијата од договорите за јавните работи што треба да ги склучува Ватикан.

 

Рим, 06.10.2012 (Макфакс)

 

Пронајдете не на следниве мрежи: