Грузија се подготвува за дилемата со кохабитацијата

Откако стана јасно дека на парламентарните избори во Грузија победи опозициската коалиција Грузиски сон предводена од милијардерот Бидзин Иванишвили, земјата се подготвува за кохабитација, досега непозната за оваа екс советска република каде не беше негувана политичката култура на компромис.

Актуелниот претседател Михаил Саакашвили го призна поразот на неговата коалиција Обединетото национално движење во изборното соочување со Грузиски сон на Бидзин Иванишвили. За признавањето на изборниот пораз кој води кон мирно предавање на власта, му честитаа САД и Франција. Меѓутоа, повикот на идниот премиер Иванишвили, чиешто богатство се проценува меѓу  и 5 и 6,4 милијарди американски долари, односно речиси половина од буџетот на Грузија, до Саакашвили да поднесе отставка од претседателската функција пред истекот на неговиот мандат во 2013 година, веднаш предизвика тензии во оваа кавкаска држава.

Претставниците на досегашните грузиски власти порачаа дека претседателските избори ќе се одржат по една година, како што е и предвидено, и му порачаа на Иванишвили да не предизвикува криза бидејќи ,,заканата за уставот би можела да биде опасна игра’’.

Саакашвили кој самостојно владееше од ткн Револуција на розите во 2003 година којашто дојде на власт, отсега ќе мора да ја дели власта со новиот премиер, што претставѕва сосема нова ситуација за Грузија откако стана самостојна држава по распадот на некогашниот Советски сојуз. ,,Кохабитацијата ќе биде тешка во политички систем во кој е многу феудален’’, забележува политикологот Томас де Ваал.

И Саакашвили и Иванишвили се политички непријатели коишто во предизборната кампања не се штедеа во меѓусебните напади. Милијардерот го обвини актуелниот претседател дека ја испровоцирал и започнал војната со Русија во ноември 2008 година, со што Грузија практично ги загуби проруските автономни покраини Јужна Осетија и Абхазија во коишто се уште има распоредено руски единици.

Саакашвили, пак, својот политички противник го обвини дека се збогатил работејќи за руски интереси во текот на 1990=те, директно обвинувајќи го дека е човек на Кремљ.

Официјална Москва во средата објави дека очекува ,,нормализација на односите со Грузија по победата на опозицијата’’, што би требало да овозможи градење на ,,конструктивни односи и односи на меѓусебно почитување’’меѓу соседите Москва и Тбилиси кои ги прекинаа односите од војната во 2008 година. Така на територијата на Русија на изборите од 1-ви октомври, не беше отворено ниедно избирачко место што значи дека Грузијците коишто живеат на руска територија нема да можат да гласаат на изборите, иако според претходните податоци на грузиското министерство за надворешни работи, во Русија престојуваат или живеат 400 илјади грузиски државјани, или повеќе од  отсто од вкупното гласачко тело. Ова претседателот на државната изборна комисија Зураб Харатапвили го оправда со ,,технички проблеми ’’.

Ќе биде и за Саакашвили и за Иванишвили да постигнат разбирање меѓу себе, сметаат политичарите, бидејќи и двајцата се образувале во политичка култура непријателски расположена кон компромисот, во којашто не владеат закони, прописи и институции, како во Европа, коишто ги ублажуваат ваквите протести.

Со повикот до Саакашвили да си поднесе оставка од претседателската функција, Иванишвили демонстрираше повеќе агресивност и подготвеност да предизвика политичка криза, сметаат особено западните аналитичари.

Тие предупредуваат дека нетрпеливостите и тензиите, освен меѓу двајцата водечки политичари во моментов, ќе расте и во самата победничка коалиција Грузиски сон, којашто ја сочинуваат десетина партии со различни визии и идеологии, но сите зависат од еден човек, од Иванишвили.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: