Зоран Милевски -Кичеец се бранел со молчење

Зоран Милевски -Кичеец, еден од осомничените во истрагата за “Рекет“, се бранел со молчење, кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, дознава “Фокус“.
Кичеец кој остана во Обвинителството три часа, само молчел. Можно е со истата стратегија на молчење да се “брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел доказите кои Обвинителството ги има против него.
До сега за “Рекет“  беа објавени видеа од италијанскиот “Ла Верита“ на кои се гледа како Боки 13 и Кичеец земаат рекет од Орце Камчев, а се слушна и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, како вели се ќе биде добро.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: