Сите жени на светот барем еднаш во животот изглумеле барем еден оргазам. Некои од нив ги глумат сите.За глумење на оргазам кај жената постојат најчесто две причини.
Првата е за да му овозможат на мажот да се чувствува добро за себе бидејќи и го пружил тоа задоволсто (иако не успеал во тоа) бидејќи многу мажи велат дека не се среќни и задовол(е)ни додека и партнерката не доживее оргазам.
Втората причина е дека едноставно на жената и е доста од се и сака што побрзо да заврши со тоа. Една од причините која никогаш нема да ја разберат мажите е онаа дека типичната жена не влегува во сексуален однос само за да доживее оргазам, туку таа ужива во блискоста, допирите и стратста исто толку колку што мажот ужива во огразмот.
Многу жени тешко достигнуваат оргазам поради сувоста на нивната вагина која доведува до болни па дури и неподносливи сексуални односи. Да не заборавиме на стресот, уморот и обврските.
На сето ова горе наведено, резултат е глумењето на огразмот, па не е ни чудно што истражувањата покажуваат дека дури 80 проценти од шените глумат оргазам и тоа го прават прилично вешто! Толку се усовршени во ова, да мажите не можат да ја препознаат разликата меѓу лажен и вистински оргазам.
Но оној партнер кој вистински ја познава својата понежна половина може многу лесно да ја дознае вистината. Таа е очигледна ако обратите внимание кон дури и најмалите движења кои таа ги прави во креветот, чукањето на нејзиното срце, отежнетото и забрзано дишење, грчењето на телото, гримасите на нејзиното лице како и забивањето на ноктите во грбот.
Ова се само дел од работите преку кои можете да дознаете колку всушност добро сте се покажале таа ноќ.
Погледнете ги и следниве статии:
Приредете му оргазам за паметење
Секс за една ноќ – правила
Најдобра секс поза за уморни парови
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.