петок, 13 ноември 2026
Најново

Audi R8 со 1000 КС!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската тјунинг куќа Underground Racing од Северна Каролина, од неодамна за потребите на еден неименуван купувач од Обединетите Арапски Емирати, модифицираше  Audi R8 GT.

На жестокиот Германски автомобил му е изваден моторот, со цел да биде повторно склопен според желбата и деловите на купувачот, a за таа работа биле потребни осум недели.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

 

Во овој автомобил биле вградени два турбо компресора и уште неколку делови. Со модификациите R8 GT може да се пофали со 1000 КС, кога работи на регуларното гориво, односно 1250 „коња“, кога користи посебно гориво, наменето за тркачки машини.

 

 

Почетната цена на модификацијата изнесува повеќе од 72,000 евра.

 

 

Поврзани вести