Баба Јока се мажела 17 пати : “Првиот маж ме сакаше, ама неговите му збореа дека сум грда, па си отидов”

Во скромна куќа во Машиќка кај Градишка живее Јока Кутлача (72), стара дама со авантуристички дух, која сите ја познаваат по брачни догодовштини. Јока за прв пат стапила во брак на возраст од 23 години во Горно Карајзовце кај Лијевче, сметајќи дека тоа ќе биде доживотна заедница на крунисана среќа, љубов и разбирање. Сепак, нејзиниот тогашен избранник, е само првиот или еден од нејзините вкупно 17 привремени придружници, пишува српски инфо.
Таа ги наведува сите имиња и наведува многу детали, но, вели дека не сака приказната да заврши во весници. – Јас сум вдовица од војната, кога завршив со последниот и не сакам да се омажам повеќе. Беше доволно. За мене, ова се приказни што често ги повторувам во друштво. Сите сакаат да им раскажувам детали како се мажев и разведував толку многу пати, кога како беше, од каде што … Им раскажувам, но тогаш тие велат “не лажи Јоко, не е сето тоа вистина, измислуваш” – вели Јока Кутлача.


Кога прв пат се мажев, отидов со запрежна кола, коњите беа накитени, сите пееја и се радуваа. Беше зима, но нашата љубов не грееше. Мојот прв сопруг, бог да го прости, тој ме сакаше, милуваше и се грижеше за мене, додека неговите му збореа сум грда и дека тој можел да се ожени со богата и убава девојки. Јас веднаш го оставив и се вратив, нема да ме понижуваат”, вели Јока. Вториот сопруг го донела домазет За секој поранешен сопруг, да е писмена и да знае да пишува, може од белешки да направи романи, толку многу приказни има. – Вториот маж се викаше Ждрал. Тој исто е од Лијевча, бидејќи тогаш, во шеесетите, момчињата од планина бегендисувале девојчиња во рамнините и обратно. Не се барале сопрузи во истото село. Сакавме во богатото Лијевче, поблиску до патот, каде што автобусите одат, каде помалку се оди пеш – вели Јока која се потсетува на нивната брачна авантурa.
Таа вели дека Ждрал го донела во куќата дека тој “полетал кон неа, како птица, како што покажува неговото презиме.” – Тој не беше сиромашен, но се согласи да дојде тука, бидејќи немав браќа и моите родители сакаа тука гнездо да свиеме. Тој беше многу убав и ми велеше: “Драга моја Јокице, среќа моја, љубов моја” и така натаму. Но, откако се појави милиција во Топола, во потрага по мојот Ждрал, работите се сменија. Ги прашувам што се случило, и ми кажаа дека долго време крадел велосипеди и мора да оди во затвор. Така се разведов и од него и почнав да барам ново момче – се сеќава на неуспешниот брак Јокица. Мажачка па развод Подоцна, сè стана рутински, без многу стрес и нервоза во разделбите. – Не, не можам да кажам дека сите 17 мажи не беа достојни, и дека бев само јас добра. Меѓу нив имаше најмногу пијаници, и јас пиев, танцував на маса, се тепав со нив. Бев некогаш одличен бекрија. Кој е подготвен да издржи такво нешто и да ме трпи? Никој – ги опишува брачните искуства Јока. Секој брак или разделба, некои регистрирани во регистрите, некои само на збор, се долги приказни.


Нема веќе мажачка Таа сонувала да има среќно семејство, деца, да живее во родното село, опкружена со роднини и соседи, но судбината на животот и се наредила поинаку. – Ништо не ми се исполни како што си замислував додека бев девојка. Јас сум сама, без деца, во едно напуштено село, без луѓе. Само на автопатот поминуваат коли кои не застануваат. Кафаните се затворени, нема кој да пие, училиштето нема деца, пред задруга нема кој да стои. Впрочем, тоа е мојот живот. Јас не сум како што бев порано, не пијам, не ми се ни пие, не ми се лудира повеќе, сега сум во друга фаза. Не планирам да стапам во брак, тоа е тоа – е решена Јока, кои повремено се сретнува со некој од бившите, но тие се ретки средби без многу зборови, нема емоции, само за да покажат дека не се заборавени и дека нивните животни патеки еднаш се вкрстиле, а потоа се раздвоиле засекогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.