Над 20-ина уапсени во судири во Сан Франциско

Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кои се случија во центарот на американската метропола Сан Франциско, уапсени се 22 лица, а еден полицаец е повреден, јавува во неделата телевизијата ABC.

Движењето Окупирај го Волстрит без одобрение од локалните власти организирало марш низ главната улица на градот Маркет стрит, а потоа предизвикало прекин на сообраќајот во областа на плоштадот Џастин Херман Плаза. Кога на местото на собирот пристигнале полициски единици, кон нив полетале факели, конзерви со боја и камења. Притоа еден полицаец се здобил со повреда на главата, која не е опасна по неговиот живот, соопштиле од локалната болница.

Според полицискиот службеник Гордон Шеј, напаѓачите биле облечени во црна облека и ги криеле своите лица со маски, а некои од нив преземале вандализам. Полицијата ги опкружила и уапсила најголемиот дел поттикнувачите на немирите.

Дваесет и четири часовниот митинг на поддржувачите на движењето Окупирај го Волстрит започна напладне во саботата во соседниот на Сан Франциско градот Сан Хозе.

Кампањата „Окупирај го Волстрит” започна во Њујорк на 17-ти септември 2011 година. Демонстрантите протестираа против безработицата, владините политики и финансиски институции, нарекувајќи ги „финансиски терористи”, а, исто така, тие бараат и повисоки даноци за богатите. Активистите веруваат дека дејствуваат во име на мнозинството од населението на САД (оттука друго име за движење е „99 отсто”). Наскоро потоа слична кампања започна и во неколку други западни земји, како Канада, Австралија, Германија, Велика Британија.

Нивните маршеви минатата есен беа многубројни, и покрај разновидноста на знамињата и слоганите. Сепак, шаторските кампови на „окупаторите” беа забранети од судовите и растурени од полицијата, по што движењето почна да бледее. Минатата зима, како и пролетта и летото оваа година, минаа со целосен молк од страна на движењето, а само десетина најжестоки поддржувачи на движењето се преселија од шаторите во паркот Зукоти во картонски кутии поставени по должината на оградата на „Трините чрч” од каде што почнува славната Волстрит.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: